УЕФА експресно ги казни Англичаните

од Nikola Popovski

Европската куќа на фудбалот ја казни Фудбалската асоцијација на Англија со 30.000 фунти за инцидентот на мечот со Данска.

Англија ја совлада Данска со 2:1 на „Вембли“ и се пласираше во финалето на Европското првенство.

За време на тој натпревар, УЕФА забележа неколку прекршувања на правилата од страна на Англичаните, па веднаш покрена дисциплинска постапка и донесе одлука по неколку дена.

Англичаните беа казнети за вперен ласер кон голманот Каспер Шмајхел од страна на навивачите за време на пеналoт, за предизвикување немири при интонирање на националните химни и палење на пиротехнички средства.

Дисциплинската комисија на Куќата на фудбалот ја казни ФА на Англија со вкупно 30.000 евра.

Да потсетиме, Англичаните во недела од 21 часот ќе се сретнат со Италија во финалето на ЕУРО.

Слични содржини