УЕФА го продолжи рокот за градовите-домаќини на ЕП 2021

од Nikola Popovski

Европската фудбалска унија (УЕФА) го продолжи рокот до 19 април до Минхен, Рим, Билбао и Даблин, да покажат детали за присуството на навивачи на натпреварите на Европското првенство, со цел да останат домаќини на тој турнир.

Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 градови.

Останатите осум градови потврдија дека ќе овозможат присуство на навивачи на стадионите, откако ќе се релаксираат мерките против ширење на коронавирусот.

Навивачите ќе ги следат натпреварите на стадионите во Баку, Санкт Петербург, Будимпешта, Букурешт, Амстердам, Глазгов, Копенхаген и Лондон.

Европското првенство треба да започне во Рим и да заврши со финалето на Вембли во Лондон на 11 јули.

loading...

Слични содржини