УЕФА ќе донесе одлука за 26 играчи по репрезентација на Европското првенство!

од Vladimir Zorba

Фудбалските екипи кои учествуваат на овогодинешното Европско првенство ќе имаат можност да поканат 26 играчи, тројца повеќе од досегашната пракса.

Комитетот за национални тимови на Европската фудбалска централа (УЕФА) ја препорача оваа промена во понеделник, а УЕФА треба да ја ратификува одлуката до крајот на неделава, изјави за „АП“ денес лице запознато со предлогот.

Причината за промената е големиот број на натпревари откако фудбалот практично беше запрен од март до мај минатата година поради пандемијата на коронавирусот.

Селекторите се загрижени за големиот обем на работа на играчите пред Европското првенство, кое требаше да се одржи минатата година пред да се одложи поради пандемијата.

Според претходната одлука на УЕФА, репрезентациите ќе имаат можност да направат пет измени на натпреварите на Европското првенство.

Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.

Слични содржини