УЕФА: Натпреварот Данска – Финска продолжува

од Vladimir Zorba

Откако Кристијан Ериксен се сруши на тревникот на стадионот Паркен, натпреварот Данска – Финска беше прекинат. По долг период на укажување медицинска помош, Ериксен бил пренесен во болница.

Фудбалскиот сојуз на Данска и УЕФА објавија дека Данецот е во стабилна состојба и дека ќе продолжат со понатамошни тестови. Кога станува збор за натпреварот, европската фудбалска централа одржа состанок со претставници на репрезентациите и официјални лица, а беше донесена одлука мечот да биде прекинат во 42-та минута.

Фудбалерите и селекторите на двете репрезентации се во шок по настанот, па во договор со официјалните лица на натпреварот беше донесена одлука за негово продолжување. По барањата на играчите од двата тима, УЕФА се согласи да го продолжи натпреварот помеѓу Данска и Финска вечерва во 20:30 часот. Ќе се доиграат последните четири минути од првото полувреме, проследени со пауза од од 5 минути, по што ќе се одигра второто полувреме.

Што се однесува до последниот натпревар на денот помеѓу Белгија и Русија, тој ќе се одигра во 21 часот, како што првично беше планирано.

Слични содржини