УЕФА одлучи, без казна за 12-те одметници

од Nikola Popovski

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе одлука да не ги казни дванаесетте клуба кои се обидоа да ја организираат Европската Суперлига, беше одлучено на седницата на Извршниот одбор во швајцарскиот град Монтре.

Според информациите кои доаѓаат од состанокот, иако се сметаше дека ќе има казни, дури и драконски за Реал Мадрид и Јувентус како главни организатори на затворената лига на богатите, на крајот беше донесена одлука да не се санкционираат клубовите.

Во текот на последните два дена се појавија различни информации од (не) проверени извори, од казни за сите што се обидоа да се префрлат во Суперлигата, преку размислување за исфрлање на Реал Мадрид од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој треба да игра против Челси следната недела, до едногодишна суспензија за „кралевите“ и „Старата дама“, но сето тоа беше напуштено.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, деновиве е во сериозни вербални конфликти со Флорентино Перез и Андреа Ањели, кои сега се на столбот на срамот затоа што се обидоа да го одведат фудбалот во сосема погрешна насока.

Сега, во фудбалскиот свет, се поставува прашањето дали најавената реформа на Лигата на шампионите, што може да се случи веќе во сезоната 2022/23, според некои извештаи, всушност ќе биде некаков вид на затворање на натпреварувањето.

Но, за тоа – потоа …

Слични содржини