УЕФА подготвува двегодишна казна за Реал, Јуве, Милан и Барса?

од Nikola Popovski

Иако сè уште нема официјални информации, УЕФА наводно подготвува строги казни за клубовите кои останаа на становт да бидат дел од таканаречената Супер лига.

Според информациите до кои дојде ЕСПН од, како што тврдат, повеќе извори информирани за настаните во УЕФА, организацијата на европскиот фудбал разговарала со претставниците на 12 екипи во претходните десет дена со цел да ги слушне нивните аргументи и да ги намали потенцијалните казни.

Наводно, за време на тие преговори бил постигнат договор со седум клубови – Атлетико Мадрид, Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, додека Интер е близу, иако сè уште не е потврдено.

Од друга страна, преостанатите четири екипи – Јувентус, Реал Мадрид, Барселона и Милан – останале цврсти во поддршката за Суперлигата и скоро е сигурно дека, освен ако нема пресврт, тие ќе бидат подложени на прилично сурови санкции. И додека преостанатите осум ќе поминат со нешто поблаги казни, овие четири екипи се многу блиску до најстрогата санкција во форма на двегодишна суспензија од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференциите.

Засега нема индиции кога таа одлука би можела да биде објавена, па не би било изненадување доколку почекаат да дојде крајот на елитното натпреварување оваа година.

Слични содржини