УЕФА подготвува казни: Реал вечерва го игра последниот натпревар во Лигата на шампионите?

од Stefanija Kuzmanovska

Приказната за создавањето на Европската Суперлига сè уште не е завршена, како и казните што УЕФА ги подготвува за клубовите кои не сакаат да се откажат од таа идеја.

„ЕСПН“ пренесе дека Европската куќа на фудбалот подготвува двегодишна суспензија за секој тим кој официјално не го напушта проектот од Суперлигата.

Досега тоа го сторија шест англиски екипи, како и Атлетико Мадрид, Интер сè уште не одлучил, додека Јувентус, Реал, Барселона и Милан засега немаат намера да се дистанцираат од новото натпреварување.

Четирите горенаведени клубови сè уште инсистираат на Суперлигата и може да бидат казнети од УЕФА за кршење на членот 51 од нивниот статут, што се однесува токму на обидот да се воспостави натпреварување надвор од УЕФА.

Како што се наведува, доколку не се „предадат“, овие клубови би можеле да бидат протерани од Европа на две години.

Ваквата одлука на УЕФА секако би го продлабочила конфликтот меѓу двете страни…

Слични содржини