УЕФА подготвува ригорозна казна за Милан

од desk2

Дисциплинската комисија на УЕФА в понеделник ќе му изрече казна на Милан за нарушувањето на финанискиот ферплеј.


Како што објави весникот „Газета дело спорт“, се очекува италијанскиот клуб да добие ригорозна санкција со тоа што ќе биде исфрлен од европските натпреварувања и ќе плати парична казна во висина од 30 милиони евра.

Весникот наведува дека во клубот владее хаос, а за лошото управување на новите кинески сопственици се пишува со месеци.
Оваа казна би можела да значи и крај на еден неуспешен период за клубот под водство на Ли Јонхонг.
Милан заврши на шестото место во Серија А, имаше добри натпревари, но сето тоа не беше доволно управата да пружи соодветна поддршка.

Сопственикот Ли Јонхонг вчера го пропушти последниот рок во кој од него се бараше да обезбеди 32 милиони евра.
Во италијанската јавност се појавија гласини за продажба на Милан и смена на раководството, но засега нема конкретни информации.

Вторпат во историјата на клубот УЕФА се заканува со негово исфрлање. Минатиот пат тоа се случи во 2006 година поради наместени резултати, но на крајот сепак заканите не се реализираа.

Слични содржини