Угостител приведен во Тетово: Работел по дозволеното работно време

Тетовската полиција, синоќа околу 21 часот, го приведе 55. годишниот С.И., кој поседувал угостителски објект, а во истиот е детектирано присуство на 10 лица и работа по дозволеното работно време

Сопственикот е задржан во Полициската станица – Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Угостителскиот објект, информираат од МВР, е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Слични содржини