Угостителите во вторник со протест пред Министерство за финансии

од Andreja Salpe

На денот кога треба да се одлучи дали и понатаму нема да може да се посетуваат рестораните и кафулињата, Туристичко-угостителската комора на Македонија во вторник најави протести пред Министерството за финансии.

Протестот започнува во 12.00 часот и ќе трае до прифаќање на барањата за помош на секторот угостителство.

Тие велат дека како помош прифаќаат само директни неповратни грантови, бидејќи банките и извршителите веќе започнале да им го одземаат имотот. Оттаму ги наведоа и нивните барања, а тоа се еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не се добие дозвола за работа од страна на Владата.

 

 

 

loading...

Слични содржини