Угостителските објекти не работат, но затоа парковите „вријат“ (фото)

од Берта Китинска

Угостителските објекти се затворија од средата, но според она што можевме да го забележиме изминатиот викенд  на социјалните мрежи, граѓаните си најдоа начин за да се видат со своите пријатели и да излезат од дома.

“Парк ,Кафиќи не работат… Градски парк деновиве покажува само една работа – дека и после цела година во пандемија на младите не им се објаснило дома дека ако се дружат 7 души без маски ги ризикуваат животите на 7 фамилии… И ја би да легачам во парк, ама вечер ме чека скафандерот на работа“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.

Слични содржини