Угриновски: Единствениот начин да се контролира пандемијата е да се прекинат социјалните контакти

од Vladimir Zorba

„Единствениот начин кога имате непријател којшто не го познавате и му го знаете само името коешто вие сте му го дале, не знаете како се однесува и што прави, односно единствениот начин да се контролира пандемијата е да се прекинат социјалните контакти, да се прекине ланецот на што е можно повеќе места за инфекцијата да остане локално“, изјави неврохирургот Јовица Угриновски во денешното издание на „Отворено студио” на ТВ 24.

Спореднего, многу е лесно да се каже затвори го градот, ама зад тоа има многу други импликации.

– Моја порака до граѓаните е да се почитуваат мерките затоа што 7-8 луѓе го донесоа вирусот во државата, од почетокот вирусот беше импортиран од 7-8 луѓе кои потоа го запалија пожарот и отворија кластери“, смета Угриновски.

Слични содржини