УХМР: До среда нестабилно со пороен дожд

од Берта Китинска

Од УХМР информираат дека до среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Според УХМР, денеска околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и во скопската котлина, а во некои делови ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.

Слични содржини