УХМР со временска прогноза за наредните денови

од Берта Китинска

Повремените врнежи од дожд кои наместа се пообилни, во попладневните часови ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени, а во Скопје 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР,  во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините.  До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Слични содржини