УХМР: Утре не очекува пороен дожд и силни електрични празнења

од Берта Китинска

Утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2), велат од УХМР.

-Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени.Во Скопје од утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме, велат од Управата.

Оттаму препорачуваат дека во случај на појава на електрични празнења да се има поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Слични содржини