УХМР: Во Берово измерени минус 14 степени

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринските темепратури, според УХМР, ќе се движат од минус 13 до минус четири степени Целзиусови, а дневните од минус еден до осум степени.

Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.

Според УХМР, втор најстуден град во земјава е Битола со -13 степени по што следуваат Петровец кај Скопје и Прилеп со -10, Крива Паланка, Демир Капија и Куманово со -9 и Тетово, Претор, Штип и Струмица со -8. Во Скопје и Гевгелија се измерени -7 степени, во Охрид -6 и во Крушево и Дебар -5 степени.

Слични содржини