УЈП покрена кривични пријави против 60 фирми кои не ја исплатиле финансиската помош

По спроведените контроли од страна на УЈП и Државниот инспекторат за труд кај 60 компании, во јануари и декември минатата година, утврдиле неправилности кај 16 компании врзани за државната помош за исплата на плати, додека кај 41 работодавец биле утврдени незаконитости околу исплата на платата и минимална плата.

Исто така, контролите се извршени кај фирми кои ја искористиле финансиската помош, во двете тримесечја во кои следуваше, и истата не ја исплатиле.

„Во декември 2020 и во јануари 2021 година се извршени контроли кај 60 даночни обврзници од дејностите, подготовка на оброци и служење храна, транспорт, трговија на мало, туристички агенции, градежништво и други. Кај 16 од нив е утврдено дека не го исполниле условот за финансиска помош, бидејќи во месеците кога е користена помошта, не им бил намален приходот за 30 отсто. Седум фирми го намалиле бројот на бројот на вработени во месеците кога примиле помош, 2 фирми не ги исполниле и двата услова за субвенции, бројот на вработени и намалување на приходот, а 2 фирми не дозволиле инспекторите да влезат во фирмите. Само едена фирма ја вратила финансиската помош, бидејќи не ги исполнила условите за нејзино добивање, додека други две треба да ги вратат парите со камата“, изјави Лукаревска на денешната заедничка прес-конференција со директорката на ДИТ, Јована Тренчевска.

На ова се придодаде и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која вели дека се има обврска да ги врати во целост со камата средствата, додека по контролите Инспекторатот се утврди дека не се исполнети условите пропишани со закон.

„ За работодавач кој дал изјава за исполнетост на услови, а не ги исполнил ќе се применуваат уредби од кривичен закон. УЈП Соработува со ОЈО, за покренување на кривични пријави“, изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Според последните податоци од почеток на мерката па до сега 100тина фирми иако зеле државна помош, не исплатиле плата на вработените. Ваква помош фирмите најверојатно повеќе нема да добиваат. Владата се уште размислуива каков модел ќе понуди во петтиот пакет – безкаматни кредити или финансика помош за исплата на плати. Пакетот треба да биде објавен во текот на оваа недела.

Слични содржини