Укинат авиосообраќајот меѓу Грција и Србија

од Vladimir Zorba

Од денеска (седми јули) до 15-ти јули во 23:59 часот се укинува авиосообраќајот меѓу Грција и Србија, пренесуваат српските медиуми.

Исто така, се забранува влез на српски државјани во Грција поради ескалација на епидемијата од коронавирусот во Србија.

Единствен исклучок од оваа одлука е кога станува збор за граѓаните од Шенген зоната, членови на семејства граѓани на ЕУ, граѓани од трети земји кои имаат престој во европските земји или Шенген зоната, дипломатски персонал и други исклучоци.

Слични содржини