Укинат е притворот на Мијалков

од Nikola Popovski

Поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков сепак излегува од притвор. Уважена е неговата жалба од Апелација, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацеви на Водно“.

Решението од второстепениот суд е испратено до Основниот кривичен суд од каде се очекува истото да биде доставено и до затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде тој ја издржува мерката притвор.

Ова доаѓа откако претходно исто така Апелациониот суд ја прифати гаранцијата дека Мијалков нема да бега која беше во имот вреден 11 милиони евра. тој беше во притвор уште од февруари годинава, за предметот Трезор, па минатонеделната одлука значење дека ќе излезе на слобода.

На ваквата одлука, одбраната поднесе жалба до Апелација повикувајќи се на веќе правосилното решение за укинување на притворот со гаранцијата од 11,1 милион евра. Апелација денеска одлучи да ја прифати жалбата и да го укине и овој притвор.

Слични содржини