Укината вонредната состојба во Шпанија

од Vladimir Zorba

Вонредната состојба во Шпанија беше укината по неколкумесечно ограничување на движењето со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Шпанската влада воведе вонредна состојба на 14 март.

Патниците од земјите на ЕУ, вклучително и Велика Британија, сега ќе можат да влезат во Шпанија без карантин 14 дена.

Карантинот се однесува на земјите кои не се во Шенген. Шпанија се надева дека ќе може да спаси дел од летната туристичка сезона, која е огромен дел од нејзината економија, пишува АП.

Шпанците сепак треба да носат маски за лице и на затворено и на отворено, кога се на јавни места каде е невозможно да се гарантира растојание од 1,5 метри од другите.

Регионалните власти утврдуваат ограничувања на посетеноста на јавни места, како театри, свадби, училишта.

Најмалку 28.000 луѓе починале од коронавирус во Шпанија од почетокот на епидемијата.

Слични содржини