Укината забраната за влез во Црна Гора на Владо Георгиев

Забраната на музичарот Владо Георгиев за влез во Црна Гора, која беше усвоена од претходната влада, е укината.

Одлуката за укинување на забраната за Георгиев ја потпиша министерот за полиција, Сергеј Секуловиќ, објави подгорички „Вијести“.

Полициската администрација објави во август минатата година дека Георгиев е вратен во Босна и Херцеговина од граничниот премин Ситница „поради забраната за влез во Црна Гора“.

Во образложението на таа одлука се вели дека „ова е потребно од причини на национално, односно внатрешно обезбедување или јавно здравје“.

loading...

Слични содржини