Украден паричник од починат пациент во ковид центар во Скопје

од Берта Китинска

Синот пријавил дека на неговиот татко кој бил починат во ковид-центарот му били украден паричник.

Вчера во 09:30 часот во Полициска станица Центар, Г. К. (48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29.11.2020, во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран неговиот татко Д. К. (72), кој починал во центарот, од страна на непознат сторител одземен му е паричник во кој имало пари, лични документи и предмети.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини