Украдени 13 решетки на сливници, „Водовод и канализација“ со апел до граѓаните

од Nikola Popovski

И покрај многубројните апели, кражбите на решетки и сливници продолжуваат, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Според претпријатието, овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска.

-Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок. Уупатуваме апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период. Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, се вели во соопштението на „Водовод“.

Слични содржини