Украина ја одбележува победата на вистината и исполнувањето на вековниот сон

од Vladimir Zorba

Секоја година, на 22 јануари – денот кога e прогласен Актот на обединување на Украинска Народна Република (УНР) и Западноукраинска Народна Република (ЗУНР), Украина одбележува Ден на единството. Официјално, овој празник е воспоставен со Декрет од Претседателот на Украина „За Ден на единството на Украина“ од 21 јануари 1999 година бр.42.

Актот на обединување, историски, ги спои украинските земји во една држава. Овој акт ги круниса стремежите за независност, кои постоеле најмалку од средината на XIX век кај Украинците од двата дела на Украина – Надднипрјаншчина (земјите по течението на Днипро) и Надднистрјаншчина (земјите по течението на Днистро) и станал фундаментално обележје на украинската државност.

На 24 август 1991 година, вонредната седница на Врховна Рада на УССР го усвоила Актот за прогласување на независноста на Украина. Актот бил поддржан од Украинците на Сеукраинскиот референдум на 1 декември 1991 година. Сепак, историчарите, со исклучително право забележуваат, дека всушност на 24 август 1991 година се случила реставрација на државната независност на Украина, која за прв пат во XX век, на 22 јануари 1918 година ја прогласила Украинската Централна Рада со IV Универзал. По истекот на една година (на 22 јануари 1919 година) на Софијски плоштад во Киjив се случил друг, не помалку важен настан – обединување на Украинска Народна Република и Западноукраинска Народна Република во една држава, но тогаш државноста не успеела да се зачува поради неуспехот на Украинската Револуција во периодот од 1917 до 1921 година. Како последица на тоа, во XX век, Украинците биле принудени со борба неколку пати да ја реставрираат независноста.

На 22 јануари, ние се потсетуваме на два настани на украинската историја, еднакви според важност: прогласување на независност на Украинска Народна Република и Акт на Обединување на украинските земји.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини