Украина ѝ порача на Кина дека нема да се согласи на каква било загуба на територија

од desk4

Украина нема да прифати никакви предлози за ставање крај на војната што вклучува губење територии, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба на кинескиот претставник.

Ли Хуи, специјален претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Русија, вчера и денеска беше во Украина.

Тоа е прва посета на висок кинески делегат во Киев.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти: „Господинот Кулеба детално го информираше специјалниот пратеник на кинеската влада за принципите за враќање на одржливиот и праведен мир заснован на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Тој нагласи дека Украина не прифаќа никакви предлози кои вклучуваат губење на нејзините територии или замрзнување на конфликтот.

Слични содржини