Украина бара итен состанок на СБОН поради најавите за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Украина бара веднаш да биде свикана вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во врска со изјавите на Русија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, соопшти министерството за надворешни работи на Украина.

Украинското министерство оценува дека последните изјави на Русија за нејзината намера да распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија ги поткопуваат основите на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, архитектурата на нуклеарното разоружување и меѓународниот безбедносен систем во целина, известува „Униан“.

Забележано е дека намерата за распоредување нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, спротивно на нејзините обврски од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, дополнително ќе ја претвори таа земја во „заложник на Кремљ“ и ќе има катастрофални последици за нејзината иднина.

Слични содржини