Украина: Дневно имаме до 100 мртви и 500 ранети војници

од Stefanija Kuzmanovska

Украина дневно има до 100 мртви и до 500 ранети во војната со Русија, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Резников на Фејсбук напиша дека ситуацијата на фронтот е тешка, дека Русија трпи огромни загуби, но дека напредува на некои делови од фронтот, пренесува „Интерфакс Украина“.

Министерот за одбрана смета дека најважното достигнување од почетокот на конфликтот е зачувувањето на синергијата на целото воено-политичко раководство на Украина и дека главната цел е „да се победи Русија, без разлика колку и да е тешко.

Слични содржини