Украина ја започнува „Книгата на џелатите“, евиденција за руските злосторства

од Stefanija Kuzmanovska

Украина ја започнува „Книгата на џелатите“, систем на евиденција за собирање докази за воени злосторства, за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација, изјави претседателот Владимир Зеленски.

Украинското обвинителство тврди дека има податоци за повеќе од 12.000 воени злосторства, за кои се осомничени над 600 лица, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, пренесува „Ројтерс“.

„Следната недела ќе биде започната специјалната публикација Книга на џелатите, систем кој ќе собира податоци за воени злосторства, злосторства од руската армија“, рече рускиот претседател.

Слични содржини