Украина: Од Белорусија истрелани над 20 проектили

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските власти соопштија дека утринава врз таа земја биле истрелани над 20 проектили од Белорусија.

Како што пренесуваат медиумите, украинскиот штаб се повикал на извори од Белорусија.

„Денеска во период од еден час, според информациите од белоруски извори, од Белорусија биле лансирани повеќе од 20 проектили. Засега знаеме дека девет проектили ја погодиле областа Хончаривска во регионот Чернихив“, соопшти украинската армија.

Војската на Украина истакна дека засега нема извештаи за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Слични содржини