Украина побара руски космонаути да бидат исклучени од Меѓународната вселенска станица

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи на Украина повика на исклучување на руските космонаути од идните мисии на Меѓународната вселенска станица (МВС), откако тројца Руси во моментот на станицата ги истакнаа знамињата на самопрогласената Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.

„Руските космонаути во Меѓународната вселенска станица го истакнуваат знамето под кое руските војници убиваат жени и деца во Донбас и претвораат цели украински градови во пепел. Русија го извезува своето варварство дури и во вселената – зоната на мирот. Тие мора да бидат исклучени од сите меѓународни вселенски програми“, напиша на Твитер портпаролот на украинското министерство Олег Николенко, пишува Гардијан.

Некои набљудувачи се сомневаа во автентичноста на фотографијата.

Се чини дека тие се истите тројца космонаути Олег Артемјев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков, кои беа пофалени за носење жолто-сини униформи во украински бои кратко време по почетокот на руската инвазија во февруари, а сега изразуваат поддршка за отцепените региони.

Сликата беше објавена во понеделникот од официјалниот телеграмски канал на Роскосмос, откако Русија објави дека успешно го освоила целиот Луганск.

Слични содржини