Украина: Погодена станбена зграда во Краматорск, најмалку двајца загинати

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога ракета истрелана од руските сили погоди станбена зграда во градот Краматорск во источна Украина, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

Тој синоќа на својот канал на Телеграм изјави дека под урнатините има затрупани луѓе и дека на местото на настанот има спасувачи и припадници на полицијата и јавните служби, пренесува „Ројтерс“.

Минатиот месец, најмалку 44 лица загинаа кога ракета истрелана од руските сили погоди станбена зграда во источниот украински град Дњепар, додаде „Ројтерс“.

Слични содржини