порошенко
Украинскиот претседател Петро Порошенко побара денеска од западните сојузници да и испорачаат оружје на Украина, кое, како што рече, и е потребно за одбрана од проруските сили.

Тој во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, нагласи дека на Украина и е неопходна поддршка, посебно кога станува збор за одбранбено оружје.

– Ние не ја браниме само нашата земја, туку слободата и демократијата. Воениот буџет на Русија е од 30 до 45 пати поголем од нашиот буџет, истакна Порошенко, додавајќи дека украинското оружје не може да се споредува со најсовремениот арсенал.

Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека постојано испраќа војници и оружје за да им помогне на сепаратистите во источниот дел на Украина, но Москва и натаму ги отфрла ваквите тврдења.

Порошенко наведува дека целта на Киев е да се овозможи воено заплашување на противникот, меѓутоа, Германија и други држави одбиле да испратат оружје поради страв од ескалирање на судирите./МИА

Слични содржини