Украина прогласи воздушна тревога на целата територија

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Украина денеска прогласи тревога за воздушен напад на целата нејзина територија, откако беа забележани воени авиони како полетуваат од Русија.

Претходно во текот на денот, Русија лансираше 33 дронови од иранско производство и две наведувани ракети С-300 врз украински цели, соопшти војската, додавајќи дека соборила 22 дрона.

Одделно, командата во јужна Украина соопшти дека едно лице е повредено и е забележана материјална штета откако дронови ги нападнаа регионите Херсон и Миколаев.

Соборени се вкупно девет дронови во два региона, објави армијата на Телеграм.

Руската армија редовно ги бомбардира териториите на Украина кои се во дострелот на нивните ракети, дронови, артилерија, вклучително и цивилни објекти. И покрај постоењето на докази, Москва тврди дека цел на овие удари е само воената инфраструктура на Украина.

Русија синоќа лансираше 33 дронови од иранско производство и две ракети во градот Харков, на истокот на земјата, во Украина, соопшти украинската армија, пренесува агенцијата „Бета“.

„Окупаторите нападнаа со 33 бдронови шахед-136/131“, соопштија украинските сили.

Системите за противвоздушна одбрана во источните, јужните и централните региони на Украина ги собориле дроновите.

Дроновите биле лансирани од регионот Приморско Архтарск и регионот Курск.

Слични содржини