Украина: Разбиена група диверзанти поддржана од Москва

од Milan1

Украинските власти соопштија денеска дека разбиле група диверзанти, координирани од Москва, кои подготвувале серија напади во пограничните области на Украина со цел да ја „дестабилизираат” ситуацијата во поранешната советска република.

Групата подготвувала „серија вооружени напади” врз урбаната инфраструктура, се наведува во соопштението на Службата за безбедност на Украина, во кое се додава дека групата била „координирана од руските специјални служби”.

Слични содржини