Украина: Русите го ракетираа регионот Запорожје, погодена точка за дистрибуција на гас

од Stefanija Kuzmanovska

Началникот на регионалната воена управа на регионот Запорожје, Олександар Старух, изјави дека во текот на ноќта руските сили извршиле ракетен напад врз областа, при што била погодена точка за дистрибуција на гас во една населба.

„Во една од населбите во регионот Запорожје, по ракетен напад (најверојатно со S-300), беше оштетен пункт за дистрибуција на гас, поради што дојде до пожар“, објави Старух на Телеграм, пренесува „Укринформ“.

Како што рече, пожарот брзо бил изгаснат, но прекинато е снабдувањето со гас на жителите кои живеат на три улици во населба во околината.

Слични содржини