Украина: Русите продолжуваат со ракетните напади низ земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили продолжуваат со ракетните напади врз воени цели и цивили низ цела Украина, тврди украинската армија.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, руски војници блокираат единици во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, пренесува Би-би-си.

Руските сили вршат напади во Доњецк, а ги гранатираат и пограничните региони Чернихив и Суми.

Слични содржини