Украина: Руските сили го нападнаа Краматорск, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили истрелаа ракети во воздушен напад врз центарот на градот Краматорск во источна Украина, а има и жртви, соопшти денеска градоначалникот на тој град Олександр Гончаренко.

„Ракетен воздушен напад на централните делови на Краматорск, има жртви“, напиша Гончаренко на Фејсбук, не наведувајќи детали за жртвите, пренесува „Ројтерс“.

Градоначалникот на Краматорск ги повика жителите да останат во засолништа.

Слични содржини