Украина се подготвува за војна со Русија: Ќе го вратиме Крим, ќе има многу жртви!

од Aleksandar Petrovski

Украинската морнарица се подготвува за воени операции со Русија и има намера да го врати Крим, изјави командантот на морнарицата, адмирал Алексеј Нижпапа.
Тој посочи дека Киев очекува напад на руската армија врз регионот Херсонск со цел да пушта вода од Дњепар на Крим.

– Нашите единици се подготвуваат за вакви акции. Не можам да ги откријам сите планови – рече Нижпапа и ги откри деталите дека досегот на ракетниот систем „Нептун“ овозможува од територијата на Украина да се гаѓаат приодите кон Севастопол.

Украинскиот адмирал додаде дека сигнал за конфликтот ќе биде обидот на Русија да го обнови Северно кримскиот канал на полуостровот.

Претходно, Украина обезбеди до 85 отсто од потребите на Крим за свежа вода преку Северно кримскиот канал од Дњепар. Сепак, по обединувањето на Крим и Русија, Украина целосно го прекина снабдувањето со вода од Дњепар.

Украинските политичари одбиваат да воспостават снабдување со вода на рускиот полуостров, но редовно најавуваат дека Русија „има намера да го окупира Северниот Кримски канал“.

Слични содржини