Украина се закани поради „Северен тек 2“: Оваа игра не е завршена

од Nikola Popovski

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека договорот постигнат од САД и Германија за прашањето на „Северен тек 2“ нема да го запре Киев во борбата против тој руски гасовод.

„Овој натпревар не е завршен, веќе влеговме во продолженија. Имаме два такви периоди по што се започнува со серијата пенали, со цел што е можно повеќе да се заштити Украина“, рече тој.

Кулеба е сигурен дека германско-американскиот договор не значи дека сè е готово.

Тој исто така рече дека тој лично има многу прашања до неговите западни партнери во врска со спроведувањето на тој договор.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два краци на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

Украина активно се бори против изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, стравувајќи дека ќе ги загуби приходите од рускиот транзит на гас, како и бројни европски земји, вклучувајќи ги Полска, Латвија и Литванија, како и САД, кои сакаат да го продаваат својот течен природен гас во ЕУ.

Слични содржини