Украина тврди дека руските сили киднапирале трет градоначалник

од Milan1

Градоначалникот на Скадовск, пристаништен град во регионот на Херсон во Украина, е киднапиран,објави на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Олександер Јаковлев и неговиот заменик Јуриј Паљуха денеска биле киднпирани од руски сили. Русија тврди дека сега има контрола врз целиот регион откако го заземаа градот Херсон. Претходно Украина соопшти дека киднапирани се и градоначалникот на Дњепрорудне и на градот Мелитопол.

Слични содржини