Украина тврди дека вратила нови територии на истокот на земјата

од Nikola Popovski

Украинската војска објави дека повторно освоила едно место во источниот регион Доњецк од Русите во денот кога Москва организира референдуми во неколку украински региони под нејзина контрола.

„Украинската армија повторно го зазеде Јацкивка“, објави на телевизија претставникот на украинскиот Генералштаб Олексиј Громов.

Заземањето на тоа место на источната страна на реката Оскил потврдува дека продолжува украинската контраофанзива, во која Киев веќе поврати илјадници квадратни километри територија од соседната област Харков.

„Украинците, исто така, ја вратија контролата врз позициите јужно од Бакмут, клучен град во регионот Доњецк кој беше под руски напади во последните недели“, рече Громов.

Во украинските области делумно или целосно под руска контрола денеска се одржуваат референдуми за приклучување кон Русија. Киев и Западот ги нарекуваат лажни референдуми и оценуваат дека означуваат голема ескалација на конфликтот.

Слични содржини