Украина тврди: Убиен руски полковник, уништен конвој руски тенкови (ВИДЕО)

од Milan1

Украинската разузнавачка агенција објави видео на кое, како што велат, се гледа како руски тенкови вршат напади во Броварскиот округ, кој припаѓа на регионот Киев. Според тврдењата на украинските разузнавачи, кои ги сподели и Министерството за одбрана, во оваа акција е убиен рускиот полковник Захаров.

„За време на борбите во регионот на Киев, баталјонската тактичка група (BTGr) на 6-от тенковски полк (Чебаркул) на 90-та тенковска дивизија на Централната команда претрпе значителни загуби во жива сила и опрема“, соопшти украинското разузнавање.

На објавената снимка, наводно, се гледаат руски тенкови недалеку од Бровар, кои биле нападнати од заседа на украинската армија.

Дополнително, приложена е аудио снимка, на која рускиот командант ги известува претпоставените за нападот и смртта на водачот на полкот, тврди украинското Министерство за одбрана.

Слични содржини