Украина тврди: Уништени се сите мостови до Северодоњецк, оневозможена евакуација на цивили

од Nikola Popovski

Сите три моста кон Северодоњецк, каде што се водат жестоки битки, се уништени, изјави регионалниот гувернер Сергеј Хајдај, додавајќи дека руските сили се уште целосно не го окупирале градот.

Тој информира рече дека уништувањето на мостовите ја оневозможило евакуацијата на граѓаните и транспортот на стока.

Хајдај додаде дека граѓаните кои останале во Северодоњецк преживуваат во тешки услови.

Претходно денеска Хајдај рече дека градот „навистина ќе биде отсечен“ доколку се уништи уште еден мост.

Локалните власти претходно соопштија дека руските сили го уништиле мостот што го поврзува градот со збратимениот Лисичански, со што се прекина потенцијалната рута за евакуација на цивили.

Слични содржини