Украина: Во рускиот напад на Виниц загинаа 12 лица, а 25 се повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Дванаесет лица загинаа, а уште 25 се повредени во руски ракетен напад врз централниот украински град Виниц, пренесува АП.

Украинската национална полиција соопшти дека три проектили погодиле деловна зграда и оштетиле блиски станбени згради во градот југозападно од главниот град Киев.

Од ударот на проектилот настанал пожар кој се проширил и зафатил 50 автомобили на соседниот паркинг.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на Телеграм објави дека има повредени и мртви, меѓу кои и мало дете.

– Што е ова, ако не отворен терористички акт – запраша украинскиот лидер.

Слични содржини