Украина воведе санкции за 200 руски компании од нуклеарната индустрија

од Vladimir Zorba

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со указ воведе санкции против 200 компании и претпријатија од руската нуклеарна индустрија, вклучително и Росатом, како и нејзините подружници.

„Одлуката за санкции ја донесе Советот за национална безбедност и одбрана и ова не е последна ваква одлука во врска со оваа руска индустрија“, рече Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал Телеграм.

Слични содржини