Украина воведува визи за Русите

од Nikola Popovski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на денешниот ден објави дека Киев има намера да воведе визи за руските граѓани од 1 јули, четири месеци по инвазијата на Москва во неговата земја, пренесува АФП.

– Украина воведува визен режим за граѓаните на Руската Федерација, објави Зеленски на својот профил на Телеграм.

Тој истакна дека одлуката ќе стапи на сила на 1 јули 2022 година, според владината одлука што требаше да биде усвоена во петок.

Овој потег ќе стави крај на безвизниот режим за патување меѓу двете земји, кој беше воведен кога Украина стана независна држава и отстапи од Советскиот Сојуз во 1991 година.

Слични содржини