Украина започна информативна кампања #BadRussianJoke пред Русија да го преземе претседавањето со Советот за безбедност на ОН

од Vladimir Zorba

МНР на Украина започна нова информативна кампања #BadRussianJoke, само неколку дена пред Русија да го преземе претседавањето со Советот за безбедност на ОН, информираат од украинското МНР, цитирани од ЦИВИЛ.

Целта на кампањата е да го потсети светот дека Русија незаконски доби постојано место во Советот пред повеќе од 30 години и оттогаш го користи за да го прекршува меѓународното право и да ја дестабилизира глобалната безбедност. Кампањата ја започна министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба на Твитер.

„Руското претседателство со Советот за безбедност на ОН на 1 април е лоша шега. Русија го узурпираше своето седиште; води колонијална војна; нејзиниот лидер е воен злосторник баран од МКС за киднапирање деца. Светот не може да биде безбедно место со русија во Советот за безбедност на ОН #BadRussianJoke #InsecurityCouncil“, напиша министерот Кулеба.

Украинците апелираат за поддршка на кампањата со споделување на објави на социјалните мрежи користејќи ги хаштаговите #BadRussianJoke и #InsecurityCouncil.

Слични содржини