Украинците отпуштија инженер на централата Запорожје, соработувал со Русите

од Stefanija Kuzmanovska

Украина го отпушти заменик-главниот инженер на нуклеарната централа Запорожје кого го обвини за соработка со руските сили и предавство, соопшти денеска украинската државна компанија „Енергоатом“.

Ден претходно Русија објави дека инженерот Јуриј Черничко е назначен за директор на нуклеарната централа во југоисточна Украина, која е под контрола на руските сили, објави „Ројтерс“.

Слични содржини