Украинец приведен во Охрид, агресивно се однесувал кон гостите и вработените во хотел

од Берта Китинска

Ноќеска во 1 часот по полноќ во СВР Охрид е приведен 42-годишниот Р.Ч. од Харков, Република Украина, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј Македонија во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, наведено е во полицискиот билтен.

Слични содржини