Украинска политичарка се расплака во американска емисија: „Ве молам помогнете им на децата на Украина“ (ВИДЕО)

од Milan1

Поранешната украинска пратеничка Хана Хопко не можеше да ги задржи солзите за време на интервјуто за американската телевизија „MSNBC“. Зборувајќи за хуманитарната криза во украинските градови, особено во Мариупол, каде едно дете почина од дехидрација, Хопко плачеше и го повика Западот да реагира.

„Нема објаснување. Ова не е само едно дете. Ги видовте фотографиите. Не можеме само да гледаме колку Украинци умираат. Го молам Бајден, го молам Конгресот, помогнете и на нашата нација“, рече таа, мислејќи на одбивањето да се воведе забрана за летање над Украина.

Слични содржини